Силно невреме во Делчево - поплавени се објекти
Силно невреме го зафати Делчево, информираат од Центарот за управување со кризи за „Прес24“. Невремето проследено со врнежи од дожд и град започнало во 16.30 часот. Зад себе остави голем хаос, поплавени се повеќе објекти.
Од ЦУК велат дека во секој момент се очекува дождот да престане, а екипите биле спреми за излезат на терен и да ги санираат последиците.
„Регионалниот ЦУК Делчево известува дека, од 16:30 часот, градот Делчево бил зафатен со големо невреме (врнежи од дожд и град), при што имало поплавени објекти од поројните дождови. Во моментот на информирањето, екипите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Делчево во секој момент очекуваат да престане дождот за да излезат на терен и да интервенираат.
За дополнителни информации за ќе биде известени според информациите од ангажираните субјекти од локалната самоуправа“, изјавија од ЦУК за „Прес24“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа