Симеонов: Растат платите на здравствените работници, наша цел е здравство без хартија
Ристе Симеонов, националниот координатор за здравство во владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ зборуваше за дигитализацијата каде посочи дека во моментот се спроведува национален едношалтерски систем во кој е вклучено и здравството.
- Дигитализацијата е многу битен дел, сегмент. Во моментот се спроведува национален едношалтерски систем во кој што е вклучено и здравството. Во однос на дигитализацијата во Фондот веќе функционира електронската рецепта, помеѓу матичните доктори и аптеките. Во фаза на имплементација е мобилна апликација за секој корисник на здравствено осигурување каде што може корисникот во секое време да прати колку специјалитички-консултативни болнички услуги има искористено, колку електронски рецепти, за пациентите каде што се потребни ортопедски помагала исто може да се има увид во тој систем. Во фаза на имплементација е биомедицинското потпомогнато оплодување „ин-витро“ каде ќе се спроведува со комплетна дигитализација. Така да тој процес на дигитализација веќе е започнат и се надевам дека во брзо време, во наредни неколку месеци или година ќе профункционира во целиот здравствен систем, рече Симеонов и додаде:
- Целта е здравство без хартија.
Тој во текот на своето гостување говореше и за зголемувањето на платите кај здравствените работници при што истакна дека тоа е еден од условите за функционален и квалитетен здравствен систем и дека тоа е процес кој што треба да има континуитет и редовност.
- Зголемување на плати во здравство е еден од условите за функционален и квалитетен здравствен систем. Задоволни здравствени работници значи задоволни пациенти. Зголемувањето на платите е процес кој што треба да има континуитет и редовност, тоа значи на одреден временски период да се зголемуваат платите во здравството, кажа Симеонов.
Тој исто така додаде дека услов за квалитетен здравствен систем е и модерната и современа инфраструктура, опремата, едукација на здравствените работници како и селекцијата.
- Меѓутоа не е само зголемување на платите услов за квалитетен здравствен систем. Потребна е и модерна и современа инфраструктура. Исто така модерна и современа опрема, едукација на здравствените работници и што е најбитно, селекција. Селекцијата на здравствените работници по мене е најбитниот фактор за функционален и здравствен систем, порача Симеонов.
На крај Симеонов се осврна и на зголемување на капитациониот бод каде укажа дека тоа е одлука за поздравување и тоа е битен стимул да матичните доктори даваат квалитетни здравствени услуги.
- Исто така за поздравување е зголемување на капитациите на матичните доктори, стоматолози и гинеколози затоа што со години тоа не е направено. Тоа е битен стимул за да матичните доктори даваат квалитетни здравствени услуги. Примарното здравство и матичните доктори се столбот на здравствениот систем, таму се спроведува скрининг програмата за одреда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа