Синдикатот бара да запрат отказите и прераспределувањата во Водовод
Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) при ССМ бара од градоначалничката на Град Скопје да ја преиспита одлуката на новоназначениот в.д директор на „Водовод и канализација“ Скопје за прекин на договорите за вработување на повеќе од 100 вработени.
Од СУТКОЗ бараат од градоначалничката Данела Арсовска да не дозволи да останат на улица над 100 фамилии во услови на светска економска и енергетска криза.
СУТКОЗ се спротиставува и на, како што посчуваат, незаконските прераспоредувања на работниците во „Водовод и канализација“ Скопје со едностран акт на директорот.
– СУТКОЗ и ССМ секогаш се залагаат и се борат договорите и решенијата за прераспоредување да бидат законски со двостран акт – договори за вработување помеѓу работниците и работодавачите и затоа бараме итна средба со в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје како и со градоначалничката на Град Скопје за да спречиме дополнителни штети кон работниците во оваа светска, економска и енергетска криза и неизвесност, се вели во соопштението.
Претходно, од Град Скопје информираа дека вонредната ревизија на вработувањата што ги склучил поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, Златко Перински покажала дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа