Синот на еден од лидерите на Хамас е убиен во напад на Израел

Мухамед Иса, син на заменикот воен командант на Хамас, Марван Иса, е убиен утрово во напад на израелската армија (ИДФ), јавија израелските медиуми, повикувајќи се на палестински медиуми.

Иса служел како главен заменик на воениот началник на Газа, Мухамед Деиф.

Како што објави „Џерусалим пост“, еден Палестинец загинал, а неколку други се повредени во судирите со израелските сили во Рамала на Западниот Брег рано утринава.

Во средата вечерта беа пријавени судири во неколку градови низ Западниот Брег, вклучувајќи ги Ерихон, Халхул, Џенин, Тулкарм и Наблус.

Најмалку девет Палестинци се повредени во судирите во Халхул во текот на ноќта, според палестинските извештаи.

28.12.2023 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега