Синовите на Тања Савиќ патат по својот татко: „Сакаат да го видат, им недостига, но тој не одговара на моите пораки“
Пејачката Тања Савиќ последните неколку години води сериозна битка со, сега веќе, поранешниот сопруг Душан Јованчевиќ.
Таа конечно го добила старателството над нивните два сина и почнала да живее нормално.
-Почнав да живеам и имам чувство дека конечно сум јас. После сите мачни години што ги оставив зад себе, заслужив да живеам како што треба. Сега сум и татко и мајка на моите синови. Имам малку време за себе и спијам периодично. Кога децата наутро одат на училиште, јас ги испраќам, па се враќам да дремнам. Обично работам за викенди, така што понеделник ми е како недела. Со нив правам домашна работа, но најслаба сум по математика. Повеќе им помагам кога си ја завршуваат домашната задача по српски јазик затоа што сум одлична во тоа и отсекогаш сум сакала да пишувам композиции. Моите деца совршено зборуваат англиски и разговараат меѓу себе на тој јазик. Немам ништо против, ми се допаѓа. Така никогаш нема да го заборават јазикот, изјавила пејачката.
Тања откри дека повеќе не се слуша со Душан, ниту поради децата, а кога му се јавува или му пишува пораки, нема одговор.
-Јас и Душан не разговараме, иако би сакала да комуницираме. Се обидов, но тој не сака. Децата разговараат со него, и треба така, затоа што тој им е татко. Училиштето ми побара извод од матичната книга на родените на англиски јазик, а бидејќи се родени во Австралија, му испратив СМС да ми го испрати. Не ми одговори, кога му објаснив дека тоа не ми е потребно мене туку за училиштето, повторно останав без одговор. Ѓорѓе и Максим би сакале да го видат тато затоа што им недостига. Немам проблем Душан да дојде во Србија и да ги види, изјави Тања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа