Сите членови на британското кралско семејство се придржуваат до овој начин на исхрана: Благодарение на него, секогаш се витки и здрави
Нутриционистката Габриела Пикок која со години соработува со кралското семејство, открива како изгледа нивното дневно мени и по кои принципи тие се хранат.
Токму како што ги почитуваат правилата кога станува збор за облекувањето и однесувањето, секој член на британското кралско семејство се придржува и до правилата кои се однесуваат на исхраната. Веројатно сте забележале дека речиси сите членови на семејството доживуваат длабока старост, а тоа е благодарение на посебниот начин на исхрана.
Имено, тие применуваат повремен пост, а Пикок е заговорник на два модели – моделот наречен 4:3 во кој 4 дена во неделата се јаде без ограничувања, а 3 дена се внесуваат само 500 калории, или моделот наречен 16:8 (се пости 16 часа во денот, а се јаде 8 часа).
Постот, како што твди нутриционистката, не им се препорачува на клиентите исклучиво поради слабеење туку затоа што наведените методи делуваат „антивоспалително, спречуваат кардиоваскуларни болести и го забавуваат стареењето“.
Габриела исто така тврди дека една од тајните за доброто здравје е урамнотежениот внес на шеќери, па затоа препорачува:
„Никогаш не јадете овошје на празен стомак бидејќи тоа ќе го подигне нивото на шеќер во крвта, токму како и кафето. Препорачувам да консумирате овошје во комбинација со протеини“.
Закуските на база на протеини како јогурт со јаткасти плодови и разни семиња и протеински барови се препорачуваат за попладневниот меѓуоброк.
За појадок, Пикок препорачува кајгана од едно цело јајце и 4 белки, во комбинација со 2 парчиња тостиран леб. Ручекот треба да се состои од месо кое не содржи многу масти, со многу зеленчук, а вечерата би требало да биде најлесниот оброк во денот. Најдобро е таа да се состои од варена риба или туна и многу сезонски зеленчук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа