Сите коментираат дека е совршена – ќерката на Еминем ги покажа облините, па малкумина останаа рамнодушни
„Биди внимателна, Еминем сè гледа“, ѝ напишал некој од обожавателите под фотографијата.
Хејли Матерс (25), ќерката на американскиот рапер Еминем (48), вчера на социјалните мрежи споделила фотографија каде што гордо го истакнува своето тело коешто очигледно е подготвено за летната сезона.
Имено, младата музичарка која е многу атрактивна, на своите следбеници често им покажува делови од својот приватен живот, но и активностите со кои се занимава.
Во најновата објава, таа облекла бело бикини и носела бел шешир, па го покажала своето неверојатно тело.
Како што може да се види, таа има затегнато тело, па очигледно дека е фан на тренинзите и теретаните.
„Подготвена за сите сончеви денови“, напишала Хејли.
Таа на фотографијата добила над 200 илјади лајкови и многубројни коментари коишто биле восхитувачки.
„Прекрасна си Хејли. Ми се допаѓаш во бикини“, „Кога би знаела за што размислувам, твојот татко би снимил песна за тоа како сака да ме убие“, се само дел од коментарите.
View this post on Instagram
Освен фантастичниот изглед, многу од фановите забележале дека Хејли, како и својот татко, сака да носи капчиња, но и шешири.
„Вистинска наследничка на татко ти“, „И Хејли сака капчиња“, „Преслатка е, вистинска татина ќерка“...
Инаку, таа дипломирала психологија во 2018 година, а Еминем ја добил од бракот со поранешната сопруга Ким Скот (45).
Еминем има уште две ќерки со поранешната сопруга Скот, Алина Мари Матерс (26) и посвоената ќерка Витни Скот Матерс (17).
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа