„Сите надвор, има пожар“: Сведоштва од преживеаните во несреќата кај Лариса

Густ чад, оган и испаничени луѓе кои трчаат за безбедно. Ова се сцените што ги снимиле самите патници откако успеале да излезат од патничкиот воз кој доцна синоќа се судрил со товарен воз во Грција.

„Сите надвор, има пожар“, се слуша како некој вика на видеото што го објави „Прототема“.

Патниците избегале од возот преку дупки или искршени прозорци.

„Настана паника, избувна пожар. Огнот беше насекаде околу нас. Железни парчиња се кршеа под нас, но што друго ни останува?“, навел патникот по име Миненис, кој вели дека тој и другите патници успеале да побегнат скокајќи од два метра.

Како што подоцна рекоа некои од нив, пожарот бил насекаде. Во вагоните кои гореа речиси два часа температурата надмина 1.200 Целзиусови степени, соопштија надлежните од Бригадата за противпожарна заштита.

„Кабли, оган. Пожарот започна веднаш. Додека се тркалавме, се изгоревме. Пожарот беше и лево и десно“, изјави за „Ројтерс“ Стергиос Миненис, кој ја преживеал несреќата.

01.03.2023 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега