Скандал ја потресе скопската зоолошка: Угина една слоница, ја криеле со денови

Скопската зоолошка градина се соочува со сериозен скандал откако беше откриено дека една од слониците угинала пред неколку дена, а трупот бил скриен и потоа однесен на депонија.

Според информациите кои ги пренесе Скопје1, постоел обид да се прикрие инцидентот со тоа што го одложиле изнесувањето на мртвото животно, а утрово со багер го однеле на Дрисла, притоа врз телото нафрлале земја и најлони во кои бил замотан слоно а се искинале при товарењето.

Оваа постапка предизвика огорченост кај јавноста и постави сериозни прашања за условите во кои живеат животните во скопската зоолошка градина.

07.08.2024 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега