Скопјанец направил сообраќајка и избегал: Кога го нашла полицијата удрил полицаец и продолжил да бега

Маж се дал во бегство откако направил сообраќајна несреќа на булеварот „Никола Карев“ и го напуштил местото.

По добиени сознанија полицијата го пронашла, но тој продолжил да бега, а приведен е неговиот совозач.

„Полициските службеници го лишиле од слобода совозачот В.Е.(43) од Скопје, додека возачот Р.Р.(45) од Скопје со возилото удрил еден од полициските службеници и се дал во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

23.07.2021 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега