Скопјанец прегазил битолчанец

60-годишен скопјанец прегазил повозрасен пешак во Битола. 

- На 22.02.2024 во 11.16 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Никола Тесла“ во Битола, товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од село Сарај, скопско, удрило во М.Г.(83) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Клиничката болница Битола, соопшти полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. 

23.02.2024 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега