Скопјанец се тепал со Турци поради недоразбирање во сообраќајот
На 10.11.2024 во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Е.(37) од Скопје, од една страна и А.О.(51) и Е.О.(22), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
11.11.2024 - 23:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа