Скопје: Комунални редари натепани со метални шипки

 

Комунални редари биле физички нападнати во Скопје, соопшти полицијата.

МВР информира дека притоа било оштетено и возилото на Град Скопје.

– На 26.09.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.20 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, И.С.(49) од Волково, скопско, М.П.(52) од Скопје и Г.М.(56) од Скопје, тројцата комунални редари во Град Скопје, биле физички нападнати од повеќе лица, кои употребиле метални предмети, при што оштетиле и едно возило на Град Скопје, се наведува во информацијата.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

27.09.2024 - 17:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега