Скопските таксисти бараат поскапување: Цените на такси-превозот ќе скокнат за 20%

 


Таксистите во Скопје излегоа со барање за значително зголемување на цените на своите услуги. Според нивните пресметки, цените на такси-превозот треба да се зголемат за околу 20%.

Предлогот на таксистите предвидува почетната цена на возењето да се зголеми на 60 денари, додека секој изминат километар да се наплаќа по 35 денари. Тарифата за чекање во место, пак, треба да изнесува 480 денари за час.

Основната причина за барањето за поскапување, како што објаснуваат таксистите, се зголемените трошоци за гориво, резервни делови и одржување на возилата. Тие истакнуваат дека сегашната тарифа е неодржлива, бидејќи не се менувала цели 11 години.

Со ова зголемување, таксистите се надеваат дека ќе можат да ги покријат зголемените трошови и да продолжат да работат во услови на инфлација.

14.11.2024 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега