Слабиот одзив ги предомисли членовите на еден од синдикатите на ЈСП – само 30-тина луѓе штрајкуваа
Малиот одзив на протестот на вработените од ЈСП и членовите на четвртиот синдикат, Спајс, ги предомисли штрајкувачите. Само триесетина вработени се појавија на протестот кој беше најавен за изутрината во 04:30 часот пред дирекцијата на ЈСП, јавува Телма.
Додека траеше нивниот штрајк, автобуските линии се движеа по редовен возен ред.
Иако беше најавено дека штрајкот ќе трае до 12 часот, по два ипол часа тие одлучија да се повлечат затоа што сметаат дека вработените треба да работат во интерес на граѓаните, а своите барања ќе продолжат да ги бараат во иднина.
Нивните барања се усогласување со минималната плата, платени прекувремените часови и достоинствени работни услови.
Претседателот на синдикатот Спајс вели дека овој штрајк е законски најавен, по претходно поднесените предупредувања до раководството на ЈСП за кои тие не дале одговор.
Иако сега се повлекоа сепак велат нема да застанат овде сега. Им порача на другите синдикати да застанат во нивна поддршка и заедно да се борат за правата на вработените.
Од јавното сообраќајно претпријатие засега без конкретен одговор. Ова не е прв протест на вработените во ЈСП. Претходно штрајкуваа и приватните превозници поради неисплатен долг кон нив, а и Јавното собраќајно претпријатие беше во колабс еден ден измината година поради неисплатена плата на вработените во ЈСП.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа