Славната актерка за борбата со тешката болест: „Кога ќе дојде време, ќе напишам писма за моите најмили“
Шенон Доерти, позната како Бренда Волш од хит серијата „Beverly Hills, 90210“, веќе повеќе години се бори со рак на дојка.
Таа изјавила дека моментално сака да биде подготвена за да се прости од луѓето кои што ги сака.
Шенон навела дека е свесна за својата болест и дека истата напреднала и дека сега се наоѓа во четвртиот стадиум, а има во план да сними видео порака за членовите на своето семејство, кога ќе дојде време за тоа.
„Кога ќе дојде време, ќе напишам писма и ќе снимам порака за најмилите“ - изјавила Шенон.
„Сакам мојата мајка и мојот сопруг Курт да знаат колку многу ми значат и колку многу ги сакам, а уште толку многу работи сакам да им кажам. Се чувствувам како многу, многу здраво суштество. Тешко е на сè да ставиш крај и да се откажеш кога чувствуваш дека ќе живееш уште 10 или пак 15 години“ - изјавила Шенон во интервју.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа