Словенија го повика на разговор изpаелскиот амбасадоp: „Либан станува новата Гaза“

Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор израелскиот амбасадор поради нападите во Либан кои веќе однесоа повеќе од 500 животи, изјави министерката за надворешни работи Тања Фајон, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Според извори во словенечкото Министерство за надворешни работи, разговорот е закажан за утре, пренесува агенцијата СТА.

Како што рече министерката Фајон, се чини дека Либан станува новата Газа, а ситуацијата ја оцени како загрижувачка. Таа рече дека Израел го „ескалира насилството“ во Либан, Газа и Западниот Брег.

„Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ, истовремено почитувајќи го меѓународното право и, се разбира, Повелбата на Обединетите нации“, најави таа.

24.09.2024 - 21:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега