Сметка од Копаоник ги разбесни луѓето, едните велат „срамота“, другите – „зошто тогаш одите таму?“

 

Копаоник важи за најскапата српска дестинација во текот на зимата. На социјалните мрежи се појавила сметка од таму која предизвикала бурни реакции.

Една корисничка на Твитер објавила сметка од Копаоник на која се гледаат цените кои се прилично високи.

Очигледно на корисниците најмногу ги изненадила цената на чајот кој чинел 350 динари (175 денари).

Мислењето на поголем дел од луѓето било дека жалењето е бесмислено поради тоа што секој поединец може да си избере во кој локал би испил пијалак.

Но, имало и такви кои се жалеле за цените.

Инаку, веќе е добропознато, неколку сезони наназад Копаоник е навистина добра дестинација за оние со „подлабок џеб“.

Без 500 динари (250 денари), тешко дека ќе може да појадувате, а доколку се напиете и кафе и некој пијалак тоа ќе ве чини околу 1.000 динари (500 денари).

Доколку за ручек сакате да јадете порција пилешко месо и салата, тогаш ќе мора да издвоите 1.500 динари (750 денари), плус дополнително за пијалак.

Еспресото исто така не може да го испиете по цена пониска од 250 динари (околу 125 денари), а за ирско кафе ќе ви бидат потребни околу 530 динари (265 денари).

Ова се дел од цените за пијалаци:

- сокови, 320 динари (160 денари)

- цедени сокови - 470/590 динари (235/295 денари)

- ракија, 350/550 динари (175/275 денари)

- пиво, 350/650 динари (175/325 денари)

28.12.2021 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега