Смртоносен „бакнеж“- ја доближил кобрата до усните, а таа го каснала за јазикот
62-годишниот Бернардо Алварез фати смртоносна кобра на северот од Филипини, откако на 9 јули случајно дошла до скротувачот на змии во градот Мангалдан во провинцијата Пангасинан.
Соседите со ентузијазам го поздравија уловот на Алварез, пренесува Јутарњи лист.
Меѓутоа, додека им ја покажувал змијата на толпата, Бернардо ја држел кобрата до усните како да се обидува да ја бакне, но кобрата го нападнала и му го гризнала јазикот.
Врескал од болка, па се струпол и починал пред брзата помош да стигне до него.
Лутите локални жители ја убиле змијата.
-Отров од змија може да предизвика парализа, што му се случи на овој човек. Оваа парализа може да го запре дишењето на жртвата, да влијае на протокот на кислород во телото и на крајот да го запре работењето на срцето, изјави локалната докторка Ана де Гузман.
Кога пристигнале, лекарите се обиделе да го реанимираат Бернард, но тој веќе не реагирал и неговото тело веќе било вкочането од отровот.
- Дојдоа полицајците и докторот. Ни рекоа дека нема пулс, но сепак се обидоа да го оживеат. Тие не успеаја затоа што отровот од кобра беше премногу силен. Не знаеме како да се помириме со тоа што му се случи, рече сестрата на Бернард Тереза Ока.
Скротувачот на змии треба да биде погребан оваа недела.
Северната филипинска кобра е широко позната како една од најотровните змии во светот. Неговиот отров ги напаѓа дишните патишта на жртвите, па дури и еден угриз може да биде фатален.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа