Снимала спот на улица: По долга пауза, Ана Бебиќ се враќа на сцената
Во новото издание на емисијата „Премиера викенд специјал“, пејачката Ана Бебиќ гостуваше во студиото, каде милионската публика можеше да го слуша нејзиниот вокал во живо и да слушне детали за нејзината нова песна.
Ана проговори за денешната поп сцена која ја затекна по медиумската пауза и даде свое мислење за пејачите, споменатиот жанр, но и за новиот сингл што неодамна го објави.-Кога се вратив по долга пауза, видов колку брзо се движи сцената. Луѓето објавуваат песна по песна, а да се разбереме, сето ова е скап спорт. Јас не сум некој што пишува песни или текстови и барам се. Оваа хиперпродукција ја проголта поп музиката, тој звук исчезна и пејачите од тој жанр се пензионираа. Мојата нова песна е таков поп звук и мислам дека е време малку да ја вратам. Одлично беше и снимањето на спотот, ми се случи некој тип да вози покрај нас и да викне: „Еј, еве ја Милица Павловиќ“ – се насмеа пејачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа