Снимки од дрон го покажуваат сиот ужас по силниот земјотрес во Грција: Срушени згради, домови срамнети со земја

Откако вчера областа Лариса беше погодена од силен земјотрес од 6.3 степени по рихтер, тлото речиси и да не мирува.

Според најновите информации и утрово силен земјотрес ги вознемири жителите на ова место, а истиот бил со јачина од 4.6 степени по рихтер.

Инаку тлото не мируваше во текот на вчерашниот ден и ноќ, а истото се тресеше буквално на секој половина час.

На социјалните мрежи кружат и видеа направени во текот на вчерашниот ден, а на истите од дрон се гледа како градот се соочува со многу срушени згради и домови кои се буквално срамнети со земја, погледнете:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега