Снуп Дог ќе објави уште една книга за готвење
Раперот Снуп Дог ќе издаде втора книга за готвење со рецепти за солени јадења и десерти за моментите во кои сакате да се наградите себеси со нешто вкусно.
51-годишниот рапер, продуцент и актер ги здружи силите со колегата рапер Е-40 за да лансира нова книга за готвење.
Книгата ќе содржи над 65 рецепти, а инспирирана е од музиката на Снуп и Е-40, како и нивните сопствени страсти за храна, според „Пипл“.
Снуп, кој е еден од најпродаваните рапери на сите времиња, во предговорот вели: „Е-40 е мој голем пријател, мој брат, мој ментор. Го гледав како ја развива својата љубов кон храната и готвењето и сметам дека е многу успешен во сè што прави“.
„Хроникл букс“ е издавач на книгата со наслов Goon with the Spoon. „Книгата е сериозно забавен, нов додаток. Фановите се сигурно гладни за нешто вакво“, соопшти издавачката куќа.
Ова е втор дел на неговата првата книга From Crook to Cooк („Од криминалец до готвач“) – и е всушност следно ниво на приготвување незаборавни оброци за секоја пригода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа