Со 76 гласа за и само 6 против изгласан Договорот со Велика Британија
Собранието попладнево во рамки на 52. седница го донесе Закот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.
За законот гласаа 82 пратеника од кои 76 пратеници гласаа „за“, шест пратеници гласаа против, а воздржани нема.
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, кој го презентираше законот, истакна дека документот е склучен во Лондон на 22 мај годинава, врз основа на потпишаната декларација за стратешко партнерство меѓу РСМ и ОК и е важен чекор напред во зајкнувањето на партнерството меѓу двете земји и унапредувањето на нивните заеднички интереси. Целта на овој договор е и консолидација и натамошен подинамичен развој на односите и соработката во однос на критичната инфраструктура, здравството, технологијата и енергетиката заради реализација на инфратсурктурни приоритетни проекти. Со Договорот на земјава ќе и се обезбеди кредитна линија од пет милијарди фунти на располагање за големи инфраструктурни железнички, транспортни, здравствени и енергетски проекти.
- Списокот на проекти вклучува развој на модерна товарна и брза тарнспортна железница од Табановце до Гевгелија, инвестирање во здравството и изградба на нови болници, завршување на изградбата на Клиничката болница во Штип, изградба на нова зградаа за медицински факултет и студентски дом, изградба на болница и здреавствен дом во Кичево, реконструкција на клиничката болница во Тетово и развој на капацитетите за сајбер безбедноста и дигиталната трансформација на Владата на РСМ. Списокот на проекти на кои би се фокусирала меѓувладината соработка е приложен како анекс А кон овој Договор. Институцијата на ОК за финансирање на извозот планирано е да биде клучен дел од понудата со покриетие до пет милијарди фунди. Во натамошната постапка ќе бидат вклуечни и надворешни консултанти со цел усогласување на финансирањето и преминување во фазата на реализација на договорениот проект, рече Димитровски.
Тој додаде дека договорот кој се предлага да биде ратификуван не бара донесување нови или измена на пситоечките закони и нема да предизвика потерба за дополнителни.
Во текот на расправата власта и опозицијата ги соочија аргументите за и против овој договор.
Од опозицијата обвинија за нетранспарентност во однос на Договорот, за презадолжување на земјата, како и дека ваквите договори се далеку од економска корист и претставуваат долгорочна закана за економската и политичка сувереност на земјата.
-За најголемите и важни договри кои најверојатно ќе ја обликуваат иднинта на нашата земја и во политичка и во екоеномска смисла треба да се однесуваме одговорно и целосно транспарентно. Жалам што Владата ја пропушти оваа шанса, рече пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ.
Според него, со договорот, како што рече, се отвораат можности за нетранспарентни зделки и заобиколување на Законот за јавни набавки. Посебна загриженост, рече, предизвикува и ставот 2 од членот 2 од Договорот, кој вели: „ќе се олесни запознавање со британски деловни субјекти за поддршка на реализацијата на проектите“.
-Македонската јавност има право да знае – што значи оваа одредба? Дали се работи за веќе договорени изведувачи? Ако е така, тоа е во директна спротивност со Законот за јавни набавки и принципот на конкурентност. Каква е тогаш логиката министерката за финансии да тврди дека ќе се почитува домашното законодавство, истакна пратеникот на СДСМ.
Од владеачката коалиција пак со став дека договорот е транспарентно објавен и е тука пред пратеиците, за разлика како што беше посочено, од Договорот со Бехтел и Енка кој не беше претставен на јавноста бидејќи содржеше клаузила строго доверливо. Го оценија како историски за земјава затоа што преставува цврст темел за односите со една од најголемите светски сили и мотор на финансиите, науката и иновациите.
-И финансискиот договор и тој на истиот начин ќе биде усвоен - во Владата и во Собранието. Што е сега нетранспарентно, дали таа операција во која тука доаѓаше одној „циркузант“ од „црната листа“ која што вие го ставивте одговорен на тие проекти да ги води и кој пшто не навредувашпе или ова е нетранспарентно. Зошто и од каде таа потреба да го потрценувате овој народ. Понатаму каде тука има за мигарнтси кампови, дали во некој од 8-те члена е напишано тоа. Мојата омилена лага за овој договор дека е ова антиевропски договор, а истатата недела ЕУ склучи договор со ОК, рече Стојаноски.
Собранието продолжи со работа по точките од 52 седница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа