Со доаѓање на пролетта доаѓаат и нови проблеми: Поленот го зголемува ризикот од зараза со коронавирусот
Поголемите концентрации на полен во воздухот се совпаднаа со зголемувањето на бројот на луѓе заразени со Ковид 19, покажа голема студија.
Користејќи податоци од 130 локации во 31 земја, истражувачите откриле дека количините на полен во воздухот, комбинирани со влажност и температура, придонеле за 44 процентно зголемување на инфекциите со коронавирус во текот на пролетта 2020 година, објави Ројтерс.
Ефектот не е поврзан со алергии на полен, а извештајот објавен во понеделникот во Националната академија на науките на САД објасни дека изложеноста на полен на секоја личност ја намалува способноста на респираторниот тракт да се одбрани од вирусот со намалување на ослободувањето на антивирусниот протеин интерферон.
Студијата исто така покажа дека при слични концентрации на полен, бројот на инфекции се намалувал со „локдаун“, бидејќи забраните за излез го ограничуваат пристапот до вирусот, но исто така и до поленот.
„Бидејќи не можеме да избегнеме изложеност на полен, ги советуваме лицата од висок ризик да носат специјални маски за филтрирање при високи концентрации на полен“, изјави коавторот на студијата Атанасиос Дамиалис од Техничкиот универзитет во Минхен во Аугсбург, Германија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа