Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Од денеска македонските граѓани ќе можат да работат во Србија и Албанија без било какви процедури и дозволи и за тоа ќе им треба само еден клик за да добијат слободен пристап до пазарот на труд како дел од иницијатива Отворен Балкан.

Со ова се отвора можноста граѓаните да може да работат во Албанија или Србија со единствен број за идентификација, без какви било дополнителни процедури.


Корисникот треба да креира електронски идентитет на својот национален портал за е-управа, а потоа во неколку чекори да генерира свој ИД број на „Отворен Балкан“. Граѓаните на Србија, пак, својот ИД идентификациски број ќе може да почнат да го креираат од вторник.
На корисникот веднаш ќе му биде доделен ИД број на „Отворен Балкан“, а на неговата е-маил адреса ќе добие и потврда т.е сертификат за доделениот ИД број во форма на електронски документ.

Со ИД бројот секој граѓанин ќе може да пристапи до управниот портал на Албанија или Србија и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот. 

Откако во рок од 30 дена ќе добие одобрение, македонскиот граѓанин ќе може да се вработи под исти услови како и српскиот или албанскиот работник. Одобрението за престој и работа ќе важи две години и тоа ќе може да се продолжи по истекот на рокот. 

Граѓаните на Србија од 5 март ќе можат да добијат идентификациски број на Отворен Балкан преку порталот е-Влада, кој е предуслов за поднесување барања за слободен пристап до пазарот на труд во Северна Македонија и Албанија, Стопанската комора на Србија ( ПКС) соопшти денеска.

04.03.2024 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега