Со помош на пластично шише направила совршени локни за неколку минути - ваквиот трик ги воодушеви фризерите
Повеќе не е потребно да посетуваме фризерски салон ниту да користиме различни алатки за коса за да добиеме совршена фризура.
Добро е познато колку уредите за извиткување на косата се штетни за нејзиното здравје. Топлината го уништува влакното, го суши и прави косата да изгледа безживотно. Токму затоа пронајдовме трик кој нема да ѝ наштети на косата, а резултатот е совршено стилизирана фризура.
Се што ви е потребно е едно пластично шише, ножици и фен.
Земете едно помало шише и направете дупка на врвот и од страна на шишето. Во горниот дел ставете ја вашата коса, а дупката од страна е наменета за фенот. Се што ви треба да направите е да го вметнете фенот во отворот и да го вклучите да работи неколку минути.
По сушењето, нанесете малку лак за коса за локните да останат цврсти и да не се исправат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа