Собрала сили и проговори за морничавите детали: Елен Деџенерис проговори за сексуалното злоставување во детството
Славната водителка, Елен Деџенерис во драматичната исповед открила детали од злоставувањето кое го трпела во детството.
Имено, Елен признала дека покојниот очув сексуално ја злоставувал, а целата ситуација била уште потешка откако конечно собрала сили неколку години подоцна да зборува за сè и кога нејзината мајка не ѝ поверувала и со него останала во брак наредните 18 години.
Нејзината мајка, Бети Деџенерис, после исповедта на Елен, јавно изразила жалење што не ѝ верувала на ќерка си дека очувот сексуално ја злоставувал кога била девојче, признавајќи дека такво нешто не го посакува ниеден родител.
„Сега знам дека една од најтешките работи во животот е да признаете дека сте сексуално злоставувани“, рекла Бети (91).
„Живеам со тоа жалење и не му го посакувам на ниеден родител. Ако некој во ваша близина е толку храбар да зборува за тоа, ве молам, верувајте му“, истакнала таа.
Елен открила дека злоставувањето почнало кога нејзината мајка заболела од рак на дојка.
„Кога отиде во градот, ми рече дека почувствувал грутка во нејзините гради и дека мора да ги допре моите, бидејќи не сака да ја вознемирува“, рекла славната телевизиска водителка.
„Ме увери во тоа дека мора да ги допре моите гради и продолжи тоа да го прави“, додала таа.
Според нејзините изјави, очувот еднаш се обидел да влезе во нејзината соба, па го скршила прозорецот и избегала од дома.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа