Собранието го усвои петтиот пакет мерки

Со 113 гласа „За“ пратениците ги донесоа трите закони од петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и фирмите. „За“ гласаше и опозицијата и двајцата пратеници од мнозинството кои иако заразени со Ковид-19 денеска дојдоа во Собранието.

Станува збор за Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход.

По завршувањето на седницата двајцата позитивни пратеници го напуштија Собранието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2021 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа