Сончево утро, а после спремете се за невреме

 

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд. Од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во вторник.

13.05.2023 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега