Сообраќајка на патот Тетово-Скопје: 52-годишен возач се здобил со тешки повреди

 

Денеска (28.09.2023) во 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, патничко возило „шкода“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од гостиварско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

28.09.2023 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа