Сопругата на Тони Михајловски за својата борба со ракот: Дознав колку сум силна и што се можам да издржам, докторот ми рече дека ќе живеам уште 30 години

 

Сопругата на актерот Тони Михајловски, 41-годишната Александра Јорева Михајловски, пред неколку дена на својот Фејсбук профил напиша епомитен статус на кој ја раскажа својата битка со канцерот, а воедно им се заблагодари на сите кои ја поддржувале да ја добие битката.

„На 24.10.2019 година во Аџибадем Систина на генеколошко акушерскиот оддел бев примена за целосна хитерктомија со дијагноза adenocarcinoma serosum endometrii оперирана од врвниот тим на чело со мојот гениколог Митко Ивановски и Костадиновски. Едно големо благодарам прво на нив за брзата реакција и организација, операцијата траеше околу 4 ипол часа.

Еве ме една година подоцна да се заблагодарам на дел од луѓето во мојот живот, за да се заврши се како што треба прво најголемо фала на Тони Санач Михајловски за тоа што постои, на Јорев Љубчов Марко и Тамара Јорева што беа тука за мене и за Максим во тој период додека јас бев во болница.

Да не заборавам дека многу важен дел во моето будење и лесно поднесување на анестезијата одиграа и соковите што ги конзумирав по препорака. На тој начин на исхрана и живот бев 7 месеци.

Неможам а да не ја спомнам Наташа Чокревска Зогравска, која беше покрај мене во постоперативните денови. И Биљана патологот од онколошката болница во државна која посоперативно брзопотезно организираше се што треба од контроли и снимања КТ на абдомен и мала карлица, рнеген на плуќа и лабарториски анализи на кр в и ту мор маркери.

Ми беше одредена хемотерапија 4 дози од др Дева Петрова, на секоја хемо терапија со мене имав по некоја од моите лавици кои храбро криејќи го стравот за мене седеа со мене по 6 часа додека отровот течеше во моите вени Бети Трпчева, Пејиќ Татјана, Лидија Јорева, Јасемин Џаси Арсова,Теа Јовановска, Јован Зафировиќ -Љупка.

Мојата Иванка Ина Василевска Македонска која секој ден ми велеше дека се ќе биде во ред и дека јас и требам и нејзе во животот не само на Максим и Тони и затоа Господ ќе ме чува. Молитвите на братми и целата истрајност моја и на сите околу мене. На Љупка Перот која не беше во мк но ми помогна многу.

Борбата е голема советите секогаш добредојдени од сите. Морам да ја спонам Хани Достинова со нејзината колешка Органика Зенделовска кои без размислување застанаа до мене за совети и разговор.

Моите Тања и Кико од Центар за ревитализација кои сеуште се со мене и се замараат за тоа јас да сум супер со нивната метода на регенерација на органи.

Билјана Кирјазова, Бахарудин Јојо, која Асена Ројал Спа ми ја направи втор дом за да се осеќам во своето тело поубаво иако измалтертирано од се поминато. На моите колешки и на целиот тим од Централен регистар на Република Северна Македонија кои се полни со разбирање за мојата ситуација.

На мојата комшика Зденка Николовска, на Биба Додева која беше позитивна и ми даде ветер во грб заедно Зденка.На наставничките на Максим Лина Матеска и Јованка Трпкова кои на нивни начин работеа со него во периодот додека јас бев ни на небо ни на земја.

Бескрајно благодарам на Ана Камчева таа е лавица моја. И поклон до земја затоа што дознав колу сум силна и што се можам да издржам и со што се можам да се борам.

До сега во оваа година се направени повеќе контроли последната контрола пред не цел месец на чело со професор др. Зоран Трајковски и целиот тим од Систина..

Денес е мојот 1 роденден како сум чиста од канцер!Благодарна на Бога и на Мајкичка Богородичка. Ви благодарам што постоите луѓе! Сакајте се чувајте се, правете контроли и навремено реагирајте, телото ни кажува многу работи само треба да го слушаме.

Затоа што борбата е тешка, душата боли а умот има милион прашања. Знам дека не сум веќе иста никогаш и нема да бидам и ваква се сакам повеќе!

Да бидеме живи и здрави уште бар 100г.П.С Др. Ивановски рече дека ќе живеам уште 30г да не му ја мислам така да јас се држам на тој муабет..

Ете знаев дека ќе заборавам уште некој а тоа се Светлана Петровска која имаше нерви и желба да вежба со мене додека бев во никаква фаза.. нерви кабли и се тоа за мене.

Марија Костуранова која ме трпеше со моите хирови за наочари да си изгледам по ок кога бев без коса и слаба ко ано рексија. Има уште луѓе кои не се таганти а тие ќе се пронајдат и фала им многу за сите линкови за суплементи“, напиша Александра во објавата која сигурно ќе успее многумина да охрабри и да им даде сила во својата битка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега