Сопругот на Хјади Клум ѝ пее серенада во кревет
Хајди Клум доби приватна серенада од својот сопруг Том Каулиц на гитара, додека лежи во кревет облечена само во црна долна облека.
48-годишниот супермодел го сподели моментот на инстаграм-стори во четвртокот навечер, каде се гледа како сопругот (32) ѝ пее додека делат шише розе.
Покрај тоа што објави снимка од романтичниот гест, Хајди објави и селфи од неа и од Том како седи до неа, иако тој е малку заматен.
Вечно младата Хајди и Том првично предизвикаа шпекулации за врска во 2018 година, кога беа видени како се бакнуваат додека таа работеше во Ен-би-си.
11.03.2022 - 21:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа