СП: МЗ и пресудил на д-р Стевановиќ оти и истекол сертификатот од Кембриџ

Поранешната директорка на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ не е избрана за директорка оти и истекол сертификатот на англиски јазик, пренесува Слободен печат.

Повикувајќи се на свои информации, весникот пренесува дека сертификатот за англиски јазик на доктор Стевановиќ не би можел да биде со поминат рок затоа што станува збор за сертификат издаден од Кембриџ кој трае доживотно и не му поминува важноста.

Доктор Стевановиќ дополнително магистерските студии ги има подготвувано во „Ројал Стејт Хоспитал Лондон“ каде се зборува само англиски јазик. Таа во својата медицинска кариера била и стипендист во Англија. Магистерската, пак, Стевановиќ ја има подготвувано во „Челзи Вестминистер Хоспитал Лондон“, а една година била и на специјализација во Англија.

Смената на директорката со кадар од партијата на министерот Меџити, непосредно по формирањето на техничката влада, отвора сомнежи дека станува збор за политички мотивирана смена.


01.02.2024 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега