Спасен штрк во Кавадарци, паднал од гнездото
Штрк, кој паднал од своето гнездо, бил спасен во Кавадарци.
На помош излегле службите за осветление на Општината и Територијалната противпожарна бригада.
„По пријава на граѓани на улицата Ѓорѓи Димитров дека штрк паднал од своето гнездо и не успеал сам да се врати, службите веднаш реагираа и по кратко време, го вратија во своето гнездо“, велат од Општината.
11.07.2023 - 16:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа