Спречен терористички акт во Австрија - уапсен 20-годишник од Македонија

Десетици специјалци, членови на тимот Кобра и деактиватори на експлозив барале експлозивна направа во Терница во Долна Австрија поради сомневање за можен терористички напад.

Голема полициска акција траела со часови. Eвакуирани се повеќе од 50 куќи, а делумно е евакуиран и дом за стари лица на тоа место. Околината била затворена со полициски кордон на голема површина, а затворени биле и патиштата за време на операцијата.

Станува збор за тајна акција во која е уапсен дваесет годишен човек наводно од Северна Македонија, додека полицијата во Виена се уште трага по двајца Чеченци. Во потрага по експлозив, прво била претресена куќата на уапсениот, а потоа продолжила на други локации.

Според „Хојте“ се претпоставува дека се работи за исламист кој наводно е поддржувач на ИД.

07.08.2024 - 22:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега