Спремете се: Без струја утре две скопски општини

 

Без струја утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Центар, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

– Добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија од девет до 12 часот, ќе останат корисниците од дел од улицата „Козара“, општина Центар. Од девет до 15:00 часот пак, корисниците од дел од улицата „Воин Драшковиќ“, општина Ѓорче Петров, се наведува во соопштението.

17.03.2024 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа