Србија: Денеска ќе бидат погребани четири деца, кои беа убиени во масакрот во училиштето

Денеска ќе бидат погребани четирите деца, кои ги уби 13-годишниот Коста Кецмановиќ во пукање во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар.

За време на викендот беа погребани 13 жртви од двата масакри што ја завија Србија во црно. Во Белград во саботата беа погребани четворицата ученици од основното училиште „Владислав Рибник“ и чуварот на тоа училиште Драган Влаховиќ, кој загина од рацете на основец.

Во Мали Орашје и Младеновац беа погребани осум лица кои беа брутално ликвидирани од Урош Блажиќ во крвавата пукотница која траеше со часови, меѓу кои и полицаецот Милан П, неговата сестра Кристина и неговиот пријател Далибор Т. За два дена беа убиени 17 луѓе во Србија.

Министерството за внатрешни работи на Србија ги повика граѓаните кои поседуваат нерегистрирано оружје од денеска, 8 мај, до 8 јуни годинава, да го предадат во најблиската полициска станица.

Раководителот на Одделот за оружје од Управата за управни работи на МУП, Јелена Лакиќевиќ, рече дека во овој период граѓаните кои ќе предадат нерегистрирано оружје нема кривично да одговараат, ниту ќе сносат некакви последици и дека нема да се докаже потеклото на оружјето.

Оружјето со недозволено поседување, граѓаните може да го предадат секој ден, од 7 до 19 часот, во наведениот рок, без никакви последици.

08.05.2023 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега