Србија доби нова влада

 

Србија доби нова влада со 28 министри, која во третиот мандат ќе ја предводи поранешната премиерка Ана Брнабиќ и во која за прв пат во неа ќе биде и претставникот на хрватското малцинство Томислав Жигманов.

Од 225 присутни пратеници во парламентот, 157 гласаа за владата, а 68 против.Брнабиќ рече дека апсолутен приоритет ќе биде енергијата, која ја наметна војната во Украина. Таа додаде дека во новиот мандат ќе биде и премиер на земја која одбива да воведе санкции кон Русија и покрај повиците на ЕУ и западните претставници да го сторат тоа. Според неа, Србија, без оглед на сите проблеми и многу несогласувања, останува посветена на членството во Унијата и продолжува да работи на реформите и европската интеграција на Србија.

26.10.2022 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега