Србија го продолжи работното време на угостителските објекти

 

Српските власти го зголемуваат работното време на угостителските објекти. Кризниот штаб донесе препораки работното време на трговските центри, продавниците за облека, обложувалниците, казината и детските игротеки од понеделник до петок да се продолжи до 20 часот.

Единствена рестрикција е што во кафулињата и рестораните во периодот од 17:00 до 20:00 часот нема да се дозволува музика.

Во Македонија, пак, рестрикциите угостителските објекти да работат до 18 часот наидoa на остра реакција од страна на сопствениците. Независната угостителска комора пред во петокот поднесе иницијатива до уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на оваа одлука.

Македонските угостители бараат обештетување од државата бидејќи велат дека загубите се огромни.

– Никој не ја спори мерката, ја почитуваат сите угостители максимално, проблемот е што мерката не е пропратена соодветно со надомест на штета со правото кое ни е ограничено да можеме нормално да работиме и со кое ни е одземено, а согласно Уставот сите сме еднакви и рамноправни, истакна тогаш претседателот на независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2020 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега