Србија: Кучиња до смрт искасале новинар, а неговата сопруга се бори за живот
Вистински хаос се случи во соседна Србија. Српскиот новинар Владан Радосављевиќ, почина на 62 години откако го искасале кучиња во селото Велика Иванча, Младеновец.
Ситуацијата е уште полоша, бидејќи во критична состојба е и неговата сопруга Олга, 58г. која пак се обидела да му помогне кога го нападнале кучињата.
Таа со лекари од Итната помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.
Како што претходно објавија медиумите, кучињата го искасале Радосављевиќ за нозете и рацете, при што бил тешко повреден. Лекарите се обиделе со реанимација, но тој починал.
Радосављевиќ беше новинар, порано на НТВ Студио Б, како и еден од основачите на ПГ Мрежа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа