Србија регистрира над 5.000 новозаразени, осум лица починаа
Министерството за здравство на Србија соопшти дека регистрирале 5.105 нови случаи на ковид-19, додека битката за својот живот ја загубиле осум лица.
Досега во Србија беа заразени 2.088.966 лица, а починаа 16.223 пациенти, додека во моментов има 504 лица кои се на болничко лекување.
Во последните 24 часа биле направени 14.532 тестови.
25.07.2022 - 20:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа