Србија воведува нови мерки: Ковид сертификати во угостителските објекти, но само после 22 часот

Србија воведува нови антиковид-мерки. Од сабота се воведуваат задолжителни ковид сертификати во угостителските објекти, но граѓаните ќе мора да ги прикажат само по 22 часот.

Тоа значи дека по 22 часот граѓаните нема да можат да бидат во затворениот простор на угостителските објекти без вакцинацилни сертификати.

Инспекциите се подготвени, истакна српската премиерка, Ана Брнабиќ, како и комуналните, кога станува збор за проверка на ковид-пропусниците. Комуналната полиција ќе ги контролира сите инспекции.

Ковид-пропусниците не се само за вакцини – додава премиерката и забележува дека важечкиот сертификат е потврда за втората (не смее да помине подолго од 7 месеци од примањето на втората доза), односно третата доза од вакцината. Негативен PCR тест, не постар од 72 часа, е исто така задолжителен ако сакате да седите во затворени простории по 22 часот.

Антигенскиот тест не смее да биде постар од 48 часа.

– Ако сакате свадба на отворено, не ви треба ковид-пропусница. Исто така, ако сакате прослава во ресторан, која трае до 22 часот, исто така, не мора ковид-сертификат. Не треба да се вакцинираат сите гости што доаѓаат, но тогаш мора да се тестираат – додаде Ана Брнабиќ.

 

20.10.2021 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега