Србија започнува со вакцинација: Премиерката меѓу првите кои ќе ја примат вакцината на „Фајзер“

 

Денес откако Брнабиќ, д-р Кисиќ Тепавчевиќ и д-р Кон, први ќе ги примат вакцините протиов коронавирусот на „Фајзер“ со цел граѓаните да се уверат во нивната безбедност, потоа на ред се корисниците на стари домови .

Вакцинацијата во Србија започнува денес, а како што најави претседателот Александар Вучиќ, корисниците на домови за стари лица прво ќе бидат вакцинирани затоа што се најзагрозени.

Вакцината прво ќе ја примат денес, во 10 часот, премиерот Ана Брнабиќ, министерката за труд и член на кризниот штаб Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот д-р Предраг Кон.

- Сакаме да покажеме дека е безбедна. Вакцинацијата најпрво ќе започне во домовите за стари лица, бидејќи е важно да се заштитат овие луѓе. Кога ќе ги погледнете сите бројки и проценти, има помлади луѓе кои долго чекале, особено мажи, но убедливо најголем број се оние постари од 80 кои умреле. Тие се најзагрозени и затоа треба да започнеме со нив - рече Вучиќ за време на обиколката во селото Голубинци во Срем.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2020 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега