Срцето и било на десна страна наместо на левата- се боцнала на жица, па ја дознала неочекуваната дијагноза
Девојка по име Клер Мек, на социјалната мрежа ТикТок, раскажа како отишла на лекар поради повреда, да прими тетанус бидејќи била прободена во жицата, а потоа открила дека срцето и било на десната страна.
Младата 19-годишна девојка се пожалила на докторот дека сè уште има постојана кашлица, која ја лекувала со антибиотици, а наодите од скенирањето на белите дробови биле изненадувачки. Лекарот и рекол дека нејзиното срце е од десната страна, а не од левата страна.
- Лекарот изгледаше многу шокирано и ме праша: Дали знаевте дека срцето ви е на десната страна, наместо на левата? Бев збунета и почнав да се смеам затоа што не и верував. Таа ми објасни дека состојбата се вика декстрокардија и дека треба да го информирам мојот лекар за тоа. Постојано ја прашував дали е сериозна затоа што бев шокирана и збунета бидејќи не знаев дека срцето ми е на десната се досега на 19 години- открила Клер на видеото.
Декстрокардија е многу ретка состојба која погодува помалку од еден процент од луѓето. Нејзините родители исто така биле шокирани.
- Татко ми полуде, а на мајка ми и беше смешно што не знаев до сега. Никогаш не направив рентген на белите дробови, па не можев да знам дека моето срце е на спротивната страна од нормалното. Матичниот лекар еднаш за време на прегледот ми рече дека срцето може да се чуе погласно од десната страна, но очигледно дека не може да дијагностицира декстрокардија врз основа на тоа - заклучи оваа девојка.
#stitch with @caremack rip to any surgeon that has to do heart surgery on me #dextrocardia #heart #situsinversus #medtok #hospital #er #xray #nyc
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа