Средба Битиќи-Андерсен: Регионалната соработка и поврзувањето се клучни во борбата со климатските промени
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2023/09/20/vestichki.png?itok=4Wr_qtQ1)
На состанокот вицепремиерот Битиќи ги истакна приоритетите кои Владата ги има поставено во делот на зачувувањето на биодиверзитетот, за што заеднички беше оценето дека прогласувањето на Шар Планина за Национален парк е еден од поголемите успеси.
Извршната директорка на УНЕП, Андерсен нагласи дека регионалната соработка и поврзувањето се важни во остварувањето на ефективни резултати во борбата со климатските промени.
„Климатската криза не е предизвик со кој може да се справи сам еден чинител. Таа бара мобилизација и синхронизирано делување на сите актери кои се засегнати. Целите за одржлив развој, за кои се дискутираше на годинешниот Самит за одржлив развој во Обединетите нации, не се листа на желби. За нивното имплементирање потребно е да се пронајде покохерентен начин на соработка“, рече вицепремиерот Битиќи, притоа дополнувајќи дека преку Националната развојна стратегија остварувањето на овие цели ќе бидете поставено високо на агендата на Владата.
На состанокот од страна на Андерсен, беше најавено дека тим на УНЕП ќе биде испратен во Северна Македонија со цел да се направат дополнителни анализи во делот на климатската отпорност на инфраструктурата.
Помеѓу вицепремиерот Битиќи и директорката Андерсен заеднички беше оценето дека е потребно акредитирање на Северна Македонија во УНЕП, со што би се отвориле нови можности за продлабочување на соработката во делот на борбата против климатските промени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа