Средба на Бесими со Јан Копман и Матуела од Директоратот за проширување: Скрининг процест дава забрзана динамика во РСМ

Република Северна Македонија во континуитет спроведува реформи кои се дел од исполнување на евроатланската интеграција. Со почетокот на преговорите од минатата година  има нова динамика во спроведување на реформите, иако дел од енергијата беше насочен кон справување со предизвиците од енергетската и ценовната криза. Земјата продолжува по реформскиот пат, кој е висок приоритет во владините програми и заеднички усогласен со Европската унија преку Економскиот и финансиски дијалог и ги зајакнува капацитетите за спроведување на тие реформи. Ова беше посочено на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими во Скопје со генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување на ЕК Герт Јан Копман и директорката во Директоратот Михаела Матуела.

„Во текот на оваа недела во Брисел го завршивме 9-от циклус од Економскиот и финансиски дијалог со ЕУ, кој се спроведува со земјите од Западен Балкан и Турција и ги усвоивме заедничките заклучоци кои се однесуваат на насоките на политиките во наредната година. Заедничките заклучоци преточени во политики и мерки ќе станат дел од програмите и Буџетот кој ќе се подготвува за наредната година. Тоа е процес кој не приближува до економските критериуми на ЕУ и не прати поподготвени во претпристапниот процес. Во тие рамки не прави и поподготвени за искористивање на финансиските инструменти кои ни стојат на располагање како земја кандидат за членство во Унијата“, рече министерот за финансии.

Тој се осврна на политиките што се економските политики на земјата и мерките што се преземаат за управување со јавните финансии и фискална консолидација. Меѓу нив се работи на конкретните активности кои се предвидени со новиот Закон за буџети,  новата Фискална стратегија со петгодишни проекции, даночните реформи и слично.

На средбата беше истакнато дека даночните реформи кои се темелат на Стратегијата се во насока на зголемување на ефикасноста на наплатата на даночните приходи преку проширување на даночната основа и создавање фискален простор за спроведување активна политика за стимулирање на инвестициите и забрзан економски раст. Тие се и во согласност со препораките на ЕУ и меѓународните финансиски институции кои укажуваат на потребата за обезбедување поголема вертикална и хоризонтална правичност на даночниот систем и проширување на даночната основа преку ревидирање на даночните ослободувања.

Исто така, беше посочено дека определбата за фискалната консолидација продолжува со поддршка на економијата со инвестиции во инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку зголемено учество на капиталните расходи, како и зајакнување на процесот на планирање, извршување и известување за јавните финансии.

Соговорниците се осврнаа и на финансиските инструменти кои стојат на располагање на земјата како аспирант за влез во ЕУ за поддршка на реформите и спроведување на инвестициските проекти, како и за мерките што се преземаа за поддршка во справувањето на енергетската и ценовната криза. Стана збор и за можноста за користење на макрофинансиска поддршка од страна на ЕУ, за што се веќе во тек активности.

 

18.05.2023 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега