Средба на Џафери со младите парламентарци од Босна и Херцеговина

 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се состана со група млади парламентарци од Босна и Херцеговина, кои се дел од повеќепартиска група од сите претставнички нивоа на власта во Босна и Херцеговина.

Претседателот Џафери со особено задоволство сподели информации, искуства и пракса со младите пратеници, кои пројавија интерес за тековните политички случувања во нашата земја, за евроинтеграцискиот пат и за можностите за проширување и продлабочување на соработката меѓу пратениците на двете земји и секако можноста за соработка и на највисоко ниво на претседатели на парламенти и на ниво на пратенички групи за соработка.

Младите соговорници од Босна и Херцеговина му се заблагодарија на претседателот Џафери за одвоеното време да се сретне со нив знаејќи ја одговорноста на еден претседател на законодавен дом. Изразија висока почит за достигнувањата на Република Северна Македонија во контекст на евро-атлантската интеграција, а особено ги истакнаа политиката стабилност и функционалноста на институциите во нашата земја. Дополнително, се заинтересираа и за нивото на вклучување на младите и жените во политичкиот живот во нашата земја правејќи паралела меѓу двете земји. Изразија и желба за динамизирање на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Босна Херцеговина заради размена на искуства и заемна помош во процесот на интеграцијата на двете земји во Европската Унија.

20.03.2023 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега