Средба на министерот Филков со еврокомесарот Дидие Рејндерс

 

Министерот за правда Игор Филков остварил билатерална средба со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на маргините на министерскиот форум ЕУ - Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.

-Беше  изразена благодарност за напорите на Европската Унија за континуираната поддршка во процесот на пристапување и реформите. На средбата се разговараше за владеењето на правото, законодавната агенда и планираните реформи во правосудството кои се содржани во Развојната секторска стратегијата за правосудство ( 2024-2028), информира Министерството за правда. 

Како особено значајна била посочена дигитализацијата која, како што наведува Министерството во соопштението, „треба да овозможи напредок и побрз, потранспарентен и поефикасен начин на функционирање кој значително ќе придонесе за развој на општеството“.

28.10.2024 - 18:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега