Средба Тренчевска-Исмаили во Брисел: Преговорите со ЕУ имаат цел да ги подобрат условите за живот на сите граѓани
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во рамки на работната посета на Брисел, каде што денеска започна билатералниот скрининг состанок за поглавје 3.19 Вработување и социјална политика оствари средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Европската унија, Зулфи Исмаили.
-На средбата се разговараше за поглавјето 19 и за тоа дека европската интеграција е најдобрата формула за понатамошниот развој на Северна Македонија. Соговорниците разговараа и за напорите кои државата изминатите години ги прави со цел усогласување на домашното со европското законодавство, се вели во соопштението испратено до медиумите.
„Нашите политики и иницијативи се фокусираат на креирање повеќе работни места и отворање можности. Тие промовираат солидарност меѓу генерациите и се засноваат на социјален дијалог со социјалните партнери, во насока на заштита на правата на работниците, зголемување на конкурентноста на економијата, вклучително и социјалната економија,“ истакна Тренчевска.
Соговорниците изразиле уверување дека преговорите со ЕУ имаат цел да ги подобрат условите за живот на сите граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа