Средба Заев-Хајдекер: Нашата цел е раст на економскиот животен стандард на граѓаните

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со Јоханес Хајдекер, економски експерт од Сојузна Република Германија, кој доаѓа на местото на досегашниот германски советник Валтер Дефа, со тоа што во следните две години ќе биде редовно ангажиран во Владата и ќе работи активно со економскиот тим.

На состанокот е поздравен фокусот на премиерот Заев и на Владата кон развојот на економијата и е разговарано за натамошната имплементација на проектите коишто се работат заедно со Германското друштво за интернационална соработка.

Заеднички е констатирано дека е важно креирањето одржливи развојни политики, со воспоставување долгорочни и среднорочни стратешки цели и навремено спроведување на стратешките инвестициски проекти. Во таа насока е разгледана важноста од воспоставувањето Централен мониторинг, со цел следење на имплементацијата на проектите. Разговарано е и за Стратегијата за паметна специјализација, што има за цел да го поттикне растот и работните места во Европа, преку овозможувањето секој регион да ги идентификува и развива сопствените конкурентски предности и за нејзино спроведување во нашата држава.

„Нашата цел е раст на економскиот животен стандард на граѓаните и на тоа сме силно посветени и во овие услови на пандемијата, како земја којашто стана членка на НАТО и очекува исчекор во европските интеграции. Изразувам голема благодарност до Германија и граѓаните на земјата, за големата поддршка што ја даваат на Република Северна Македонија на политички и на економски план“, рече премиерот Заев.

На состанокот е договорено соработката активно да продолжи со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2021 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега